Утрински Весник
Спорт

Квалификации за ЛШ: Шкендија со гостинска победа во Талин

Квалификации за ЛШ: Шкендија со гостинска победа во Талин

Талин, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Македонскиот фудбалски шампион Шкендија оствари победа во првиот натпревар од 1. квалификациско коло против естонскиот шампион Номе Калју во Талин со 0:1 (0:0).

Единствениот гол за победа на тетовци беше дело на Агим Ибраими, кој реализираше од пенал во 81 минута од средбата.

Фудбалерите на Ќатип Османи за една недела го играат реваншот и ќе имаат одлична можност да обезбедат пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за ЛШ.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Американски бизнисмен го купува Евертон

Реал Мадрид има проектиран план: За две години Ерлинг Халанд доаѓа на „Бернабеу“

КК Пелистер го загуби финалето во Бугарија