Утрински Весник
Македонија

Кај Жировница откриени двајца Албанци со два килограма марихуана

Кај Жировница откриени двајца Албанци со два килограма марихуана

Гостивар, 12 јуни 2019 (/) – Граничната полиција привела двајца албански државјани во близина на селото Жировница поради сомнение дека шверцувале наркотична дрога марихуана.

Според СВР Тетово, при контрола на возило со албански регистарски ознаки, вчеравечер, во 23 часот и 10 минути, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница во багажниот простор бил најден ранец во кој имало околу два килограма марихуана. Двајцата албански државјани кои биле во возилото Е.Л.(18) и Е.Ч. (33) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град