Утрински Весник
Спорт

Касиљас одговори на гласините за крајот на неговата кариера

Касиљас одговори на гласините за крајот на неговата кариера

Мадрид, 13 јуни 2019 (/) – Голманот на Порто, Икер Касиљас, кој претрпе инфаркт за време на тренингот на 1 мај, не ја потврди или негираше веста за крајот на неговата кариера.

Триесет и осумгодишниот Шпанец преку Твитер соопшти дека утре ќе се знае повеќе за неговата фудбалска иднина.

– Сега немам нови вести во споредба со она што го објавив пред еден месец. Само треба да се забележи дека утре имам консултации со лекар, објави Касиљас.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Касиљас денес ќе го објави своето пензионирање. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аргентина се „крена“ на првото место, Полска пред Мексико поради гол-разлика!

Канело Алварез му се извини на Меси и на Аргентинците

Во Италија налози за апсење на Алегри и Паратичи?