Утрински Весник
Македонија

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневал во Лесковац

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневал во Лесковац

Струмица, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Карневалските групи „Мулен Руж 2″ и Здружение „Струма” со своите маски „Чекор напред” и „Неуништлива вечна љубов” викендов учествуваа на 14-тиот Меѓународен карневал во Лесковац, на кој продефилираа околу 1.200 маскирани учесници.

Според информациите од членови на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, карневалските групи оставиле одличен впечаток кај публиката и организаторите на карневалот во Лесковац.

Карневалски групи од Струмица во текот на целата година учествуваат на карневали во регионот и Европа, на кои го претставуваат своите карневалски креации. рт/см/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали