Утрински Весник
Спорт

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Мадрид, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Легендата на рели трките, Карлос Сајнц откри дека Фернандо Алонсо сака да учествува на релито Дакар. Ова е една од можностите на двократниот шампион во Формула 1 за 2020 година, а неговото враќање во Формула 1 сè уште не е исклучено.

Алонсо тестираше автомобил на Тојота во мај, а јапонскиот конструктор е категоричен дека може да обезбеди автомобил за Алонсо, ако тој преземе чекор кон офроуд трката.

– Би било прекрасно ако Алонсо стартува со нас на Дакар, знам дека тој го сака тоа, изјави Сајнц за шпанскиот весник „Марка“.

Следната година релито Дакар ќе се одржи во Саудиска Арабија.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни