Утрински Весник
Македонија

Карбинци штеди струја со поставените фотоволтаици

Карбинци штеди струја со поставените фотоволтаици

Штип, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Карбинци почна да штеди струја со поставувањето на фотоволтаици на три објекти. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека најголема заштеда имаат на препумпната станица на водоснабдителниот систем за селата Карбинци, Таринци, Долни балван и Нов Караорман. Со приклучувањето на пумпатата на фотоволтаиците заштедата на енергија е голема.

  Таму во првите два месеци  од користењето на фотоволтаиците потрошувачката на електрична енергија покажува дека е намалена за 50 отсто или според првичните анализи некаде околку 700.000 денари или од вкупната потошувачка на електрична енергија што ја троши јавното комунално  претпријатие некаде до 30 отсто ќе имаме заштеда. Тоа значи дека 700.000 денари ќе бидат средства наменети за инвестции во претпријатието, односно опрема, алати и репроматеријал, а крајниот бенефит ќе го имаат директните корисници на комуналните услуги, вели Насев.

Првичната заштеда на сметката е околку 40.000 денари. Помала заштеда се јавува во општинската зграда, каде што со наредната грејна сезона ќе се видат поголеми заштеди.

Најмногу производство на струја покажува фотоволтаичниот систем што е поставен на училишната зграда во Карбинци. Општината очекува на годишно ниво да заштеди 25.000 евра за потрошена електрична енергија. Насев истакна дека како општина  аплицирале и за средства за поставување на фотоволтаици, но со помала моќност на објектот на детската градинка во селоТаринци, преку мерката наменета за Локаланите акциски групи. вдј/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“