Утрински Весник
Македонија

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Скопје, 20 јуни (/) – Канада е 18-та земја членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Како што објави на Твитер канадското МНР, тие изразуваат задоволство што набргу ќе и посакаат добредојде на нашата земја како 30 – та членка.

– Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина, објави канадското МНР.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД. Се очекува ратификацијата на Протколот во Вашинготн да се случи до крајот на летово.

Пред десеттина дена Протоколот за НАТО го ратификуваа Германија и Естонија.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија се очекува и официјално на Самитот во Лондон кога ќе се одбележи 70 годишнината, да стане 30-та членка на НАТО. цр/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом