Утрински Весник
Македонија

Казнети над 200 возачи во Скопје за пречекорена брзина и возење под дејство на алкохол

Казнети над 200 возачи во Скопје за пречекорена брзина и возење под дејство на алкохол

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Откриени и санкционирани повеќе од 200 возачи кои ја пречекориле брзината на движење или возеле под дејство на алкохол, во акциска контрола во текот на изминатата ноќ во периодот од 22:00 до 04:00 часот на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што информира МВР, притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни, а откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози. аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра