Утрински Весник
Македонија

Кабинет на Претседателот: ДКСК да ги провери наводите за судир на интереси на Муслиу, шпекулациите се штетни за безбедносните служби

Кабинет на Претседателот: ДКСК да ги провери наводите за судир на интереси на Муслиу, шпекулациите се штетни за  безбедносните служби

Скопје, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска  по обвинувањата изнесени од страна на  ВМРО-ДПМНЕ за наводен судир на интереси од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу бара Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да ги провери наводите. Од Кабинетот укажуваат и на политичка одговорност од, како што потенцираат, објавување непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на државата.
-Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш, се вели во реакцијата.
Воедно, додаваат од Кабинетот на Претседателот, укажуваме на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство. сст/хс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“