Утрински Весник
Спорт

И Атлетико во трка за Икарди

Икарди ќе го тужи Интер

Мадрид, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Јувентус и Наполи, не се единствените во трката за Мауро Икарди од Интер, нив им се приклучи нов ривал, но не од Серија А, туку од Ла Лигата, станува збор за Атлетико Мадрид.

Атлетикот сака да го донесе напаѓачот уште ова лето па знаејќи ја ситуацијата во која се наоѓа Икарди во италијанскиот клуб, подготвен е да понуди 60 милиони евра.

Сега останува отворено прашањето дали Икарди ќе ја прифати понудата од Мадрид или пак ќе остане во Серија А, со оглед на тоа дека веќе има понуди од шампионот Јувентус и од Наполи.

Според италијанските медиуми, Икарди наводно, сака да игра за Неапол, но неговата сопруга Ванда Нара која воедно е и негов менаџер, го гледа нејзиниот сопруг во дресот на Јувентус.

Во Интер веќе објавија дека Икарди не е во планот на Антонија Конте, и веројатно овој аргентински фудбалер наскоро ќе го напушти Џузепе Меаца. ем/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Супер-компјутерот на СБК: Бразил ќе биде светски првак

Смит Роу опериран, се враќа во декември

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А