Утрински Весник
Македонија

Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава

Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија.

Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“