Утрински Весник
Бизнис

Исполнети условите за одземање на концесијата за „Иловица“

Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Условите за одземање на концесијата на Еуромакс ресурсис за локалитетот „Иловица“ се исполнети, сметаат од Министерството за економија.

Од ова Министерство најавуваат дека се очекува во наредните седум дена да биде одземена концесијата на Еуромакс ресурсис.

Министерството за економија на последната седница доби од Владата задолжение да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Како што соопштија од владината прес – служба доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, Министерството за економија еднострано да го раскине договорот за концесија со Еуромакс ресурсис Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село. скс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе

Од први декември сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе добиваат струја од „ЕСМ Продажба“

НБРМ: Хрватската куна ќе се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година