Утрински Весник
Македонија

Искачување до Ливадичко Езеро на Шар Планина

Искачување до Ливадичко Езеро на Шар Планина

Тетово, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово во претстојниот викенд го организира настанот „Меморијал Мирко Маринковиќ“ – искачување до Ливадичко езеро на Шар Планина на 2.137 метри надморска височина. Програмата во сабота предвидува можност за стигнување до ПК „Љуботен“ и сместување таму или во шатори, додека наредниот ден, во недела, од 7:00 е предвидено тргнувањето кон Ливадичко езеро.

– Согласно препораките на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за „Организација на планинарски акции“ со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, сите заинтересирани се должни, формално да се пријават преку изјава за пријавување со што би стекнале статус на учесник во организирана активност, информираат од ПК „Љуботен“.

Очекувано пристигнување на Ливадичко Езеро е 10:30 часот, а враќањето до планинарскиот дом е предвидено за 11:30 часот. Секој учесник на турата за движењето во планина треба да обезбеди сопствена храна предвидена за планинарска тура до осум часа. За ова искачување секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност