Утрински Весник
Спорт

Интер со итни мерки за привлекувањето на Лукаку

Јунајтед согласен да го стави Лукаку на трансфер листата

Милано, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Претставниците на италијански Интер ќе патуваат до Островот оваа недела за да го договорат привлекувањето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромели Лукаку, вели „Скај Спортс“.

Долго време има интерес од „нероазурите“ за белгискиот стрелец, но досега двата тима не успеаја да се разберат.

Стравовите на гигантот од Милан се Белгиецот да не биде привлечен од нивниот голем противник, Јувентус. Токму поради тоа, тимот ќе преземе итни мерки за да може да го привлече во своите редови.

Јунајтед сака да добие 75 милиони фунти за својот играч. Тој има договор до 2022 година. Но, неговата желба е да го напушти „Олд Трафорд“ и да оди во тим кој ќе биде прв избор на тренерот.

Во моментов, белгискиот репрезентативец е на турнеја со своите соиграчи во Австралија.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето