Утрински Весник
Спорт

Интер му посака добредојде на Годин

Интер му посака добредојде на Годин

Милано, 1 јули 2019 (/) – Одбранбениот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин е нов играч на Интер.

Италијанскиот клуб преку Твитер ја објави веста за новото засилување.

Годин ја заврши соработката со Атлетико откако неговиот договор истече по завршувањето на сезоната 2018/19 и тој во Милано доаѓа како слободен агент.

Триесет и тригодишниот Уругваец минатата сезона одигра 39 натпревари за Атлетико, постигна четири гола и забележа три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око

ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација и недолично однесување на дуелот со Швајцарија