Утрински Весник
Македонија

„Интернетот не е само игра, кликај безбедно“ ги едуцира децата за користење на светската мрежа

„Интернетот не е само игра, кликај безбедно“ ги едуцира децата за користење на светската мрежа

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Близу 1000 ученици од четврто одделение од 11 основни училишта во 11 општини во текот на изминатата учебна година беа дел од проектот „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“, Целта е на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации на децата да им се долови суштината на интернетот, со посебен фокус на безбедноста при користење на светската мрежа.

Во програмата во оваа втора фаза беа опфатени учениците од четврто одделение во Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

– Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, втора година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Интересот од страна на учениците и наставниот кадар кој и оваа година не стивнува е дополнителна потврда за потребата од едукација и за ентузијастички пристап, особено за нашите колеги кои како волонтери се вклучуваат во овој проект, изјави Елена Димовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.

Минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четвртоодделенци, од 28 македонски и албански паралелки од десет училишта од осум општини на територијата на Град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија. бт/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“