Утрински Весник
Македонија

Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица 

Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица 

Скопје, 20 јуни 2019 (/) – Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента, информира АМСМ.

Изменетиот сообраќаен режим ќе трае до рaсчистување на коловозот.

Промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест месеци, од вчера има на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, поради изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосницата Другово, како и поставување индуктивни јамки на патниот правец Маврово-Кичево

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран