Утрински Весник
Македонија

Институт за специјална едукација и рехабилитација: Да продолжи да се применува комбиниран модел на инклузија во образованието

Институт за специјална едукација и рехабилитација: Да продолжи да се применува комбиниран модел на инклузија во образованието

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – По направената анализа на Предлог законот за основно образование Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје смета дека во земјава и натаму треба да продолжи да се применува комбиниран модел на инклузивно образование и да се почитува правото на избор на родителите на избор при упис во училиште.

– Институтот за специјална едукација и рехабилитација, врз основа на своето богато научно искуство и научна истражувачка работа, и водејќи се од фактот дека во повеќето западноевропските земји кои располагаат со оптимални финансиско-материјални, технолошки и професионални ресурси не се спроведува тотална инклузија, смета дека во Република Северна Македонија најдобро е и понатаму да се практикува комбиниран модел на инклузивно образование. Во насока на подобар квалитет на образованиет потребно е да се подобрат постоечките капацитети од секој аспект (ресурсен, финансиски, кадровски и стручен, се вели во соопштението од Инситутот.

Инситутот, исто така, смета дека треба да се почитува правото на родителите на избор за упис на своето дете во редовни училишта, во посебни паралелки при редовните училишта или во посебни основни училишта (како што е и во земјите на Европската Унија).

– Институтот за специјална едукација и рехабилитација апелира до Владата и до надлежните Министерства, во иднина кога станува збор за образованието, рехабилитацијата, социјалната заштита, третманот и проценката на функционалните можности и споспособности на лицата со попреченост секогаш да го консултира и вклучува Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Би сакале да истакнеме и дека специјалните едукатори и рехабилитатоти ги едуцираме по современи програми кои години наназад беа највисоко оценети од надлежните европски фактори, како и од меѓународните научни и стручни институции, се вели во денешното соопштение на Институтот.

Оттаму го повикуваат претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, Горан Петрушев, да се произнесе во врска со ставот на министерот за тотална инклузија, согласно Предлог-законот за основното образование. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8