Утрински Весник
Магазин

Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Њу Делхи, 15 јули 2019 (/) – Индиската организација за вселенски истражувања (ИОВИ) поради технички причини го одложи почетокот на автоматизираната мисија „Чандрајан 2″ на Месечината, предвидена за ова утро, соопштија индиските власти.

„Како мерка за претпазливост, стартот на мисијата „Чандрајан 2“ е одложен. Новата дата ќе биде дополнително одредена, стои во известувањето.

ИОВИ ја објави датата и часот на почетокот пред неколку седмици. Индија е четвртата земја во светот (заедно со САД, Русија и Кина), која испратила свое летало на природниот сателит на Земјата.

Мисијата „Чандрајан 2″ е продолжение на индиската програма, „Чандрајан 1″, при што првиот апарат беше испратен на Месечината во октомври 2008 година и траеше скоро една година.

„Чандрајан 2” е посложен проект, оти вклучува и приземјување на мал вселенски брод, кој ќе го проучува минералниот состав на месечевата површина. Почетокот на програмата беше неколкупати одложена. Првично, ИОВИ го закажа за април 2018 година. Потоа беше преместено за октомври, потоа во јануари, април, мај, па јуни 2019 година.

Индија почна да развива своја вселенска програма од 1947 година, кратко време откако стана независна држава. си/паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Канје Вест ќе ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно како алиментација

Кевин Спејси доби улога во британски филм

Рајан Џонсон се надева дека наскоро ќе се снима „Нож во грб 3“