Утрински Весник
Македонија

Илче Костофски кандидат за советник на општина Тирана

Илче Костофски кандидат за советник на општина Тирана

Тирана, 28 јуни 2019 (/) – Македонецот Илче Колефски е кандидат за советник на Советот на општина Тирана од Партијата на зелените.

Тој преку Фејсбук побара поддршка од граѓаните на Тирана, за да сите заедно „да дадат придонес денес, за поинкава Тирана утре“.

– Ја презедов ова иницијатива и сакам да го подигнам гласот за еколошките проблеми со кои се соочува Тирана со спроведување на начелото на одржлив развој на градовите онака како што функцонираат современите европски градови, каде не се гради пред да сватат каков ќе биде економскиот, социјалнот и еколошки развој и кој е импактот врз животната средина, наведува Костофски.

Ветува дека ќе работи напорно, по секоја цена и дека ќе го подигне гласот секој ден се посилно за терминот „загадувачот плаќа“.

– Тоа значи дека кој загадува плаќа повеќе такса и тврдам дека ова е вистинскиот пат да се комплетираат другите алки како еколошка економија, зелени вработување. Ајде да го направиме градот заедно, порачува Костофски.

На локаланите избори в недела во Албанија, со кандидати-Македонци за советници учествува и партијата Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, за општина Пустец каде по четвртипат довербата за градоначалник ќе ја побара Едмонд Темелко од истата партија.

И неговиот против кандидат Пали Колефски е Македонец, како и кандидатите за советници,но тие се на кандидатската листа на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“, предводена од Социјалистичката партија на Еди Рама. вт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална