Утрински Весник
Економија

Илон Маск падна на второто место на листата на најбогати луѓе во светот

Илон Маск падна на второто место на листата на најбогати луѓе во светот

По краткиот престој на врвот на листата на најбогати, милијардерот Илон Маск повторно е втора најбогата личност во светот. Неговото богатство падна за скоро 14 милијарди долари за еден ден.

Акциите на производителот на електрични возила „Тесла“ вчера паднаа за скоро 8 проценти, со што нето-вредноста на Илон Маск се намали за 13,5 милијарди долари на 176,2 милијарди долари. Значи, откако минатиот петок накратко го престигна извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, како најбогата личност во светот, Маск повторно падна на второто место, пишува „Форбс“.

Сега заостанува околу шест милијарди долари зад Безос, чија нето вредност е 182,1 милијарди долари. Акциите на „Амазон“ вчера паднаа за повеќе од два проценти, што исто така ја намали нето-вредноста на Безос за 3,6 милијарди долари.

Охрабрен од скокот на цените на акциите на „Тесла“, богатството на Маск се зголеми за околу 150 милијарди долари од март 2020 година, кога изнесуваше 24,6 милијарди долари.

Акциите на „Тесла“ се зголемија за над 720 проценти во 2020 година, а веќе добија дополнителни 12 проценти во првата недела од 2021 година.

Највредниот производител на автомобили во светот, „Тесла“, произведе половина милион автомобили во 2020 година.

И покрај падот на богатството, Маск е сепак околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузна стока Бернард Арно (денес вреден 154,6 милијарди долари).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Младите ќе можат да добијат 10 илјади евра за отворање бизнис – Дурмши го претстави во Тетово оперативниот план на владата

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја