Утрински Весник
Македонија

Изменет сообраќаен режим на патниот правец Делчево-Пехчево

Изменет сообраќаен режим на патниот правец Делчево-Пехчево

Пехчево, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Поради асфалтирање на дел од патната мрежа, сообраќајот на патниот правец од Делчево кон Пехчево, во близина на село Црник се одвива со изменет дневен режим. Како што известија, раководните лица на ГД Гранит, измената на режимот на сообраќајот го регулираат вработени од претпријатието, кои ги пренасочуваат возачите кон алтернативни патишта.
-Конкретно денес го асфалтираме делот во близина на село Црник и поради мостот кој е опфатен од асфалтирањето, имавме краткотраен прекин во сообраќајот. За време на асфалтирањето, возилата кои сообраќаат по овој патен правец, се пренасочуваат по блиските земјени патишта. Упатуваме апел до возачите да имаат трпение за време на асфалтирањето и без одобрение, да не се движат по штотуку асфалтираниот пат, бидејки освен што го оштетуваат асфалтот, ги оштетуваат и своите возила, велат од претпријатието.
Според планираното, како што додаваат, асфалтирањето продолжува и во наредните денови, а очекувањата се до  градежните работи на овој потег до четврток да бидат завршени.
Со завршувањето на овие градежни работи, Пехчево ја подобрува патната инфраструктура пред претстојниот Фестивал на дувачки оркестри, со што се очекува гостите кои се најавени, да возат по целосно реконструирана сообраќајница. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза