Утрински Весник
Македонија

Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ во Штип

Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ во Штип

Штип, 22 јуни 2019 (/) – Во штипската галерија „Безистен“ изложени се 123 фотографии со различни тематски жанрови, во рамките на Денови на македонската фотографија.

Претседателот на фото клубот „Широк агол“ од Штип, Зоран Здравев вели дека со изложбата ќе се анимираат младите да се занимаваат со аматерска уметничка фотогорафија. Ако до пред некоја деценија, аматерската фотографија беше инспиративен сегмент од животот на младите, посочи тој, овие фотографии се обид овој правец во негувањето на уметничката фотографија да се извлече од маргините на спомените на едно време.

-По 35 години, пауза имаме задоволство да ја претставиме изложбата „Денови на македонската фотографија“ и тоа по 57 пат, тука во уметничката галерија „Безистен“. Целта е промоција на уметничката фотографија и да ги заинтересираме младите да ја негуваат како што тоа се правеше и децении наназад, вели Здравев.

Маја Крстевска-Коларова од фото кино клубот „Ванчо Прќе“ од Штип додаде дека оваа постановка би требало да биде инспиративна искра меѓу младите, да го осознаат светот на уметничката фотографија, каде несекојдневните моменти од животот се овековечени со само еден клик на фото апаратот.

– Ќе ни биде чест да имаме посетеност  од штипјани, особено младите со цел поголема популаризација на уметничката фотографија, вели Крстевска-Коларова.

На изложбата се претставени и фотографиите на четворица штипјани. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8