Утрински Весник
Македонија

Изложба на мозаици од староградски македонски куќи во Кривопаланечкиот Центар за култура

Изложба на мозаици од староградски македонски куќи во Кривопаланечкиот Центар за култура

Крива Паланка, 5 јули 2019 ( Утрински Весник) – Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура во Крива Паланка е поставена изложбата – збирка мозаици и староградски македонски куќи од авторот Гоце Стојановски од Кратово.
-Авторот Гоце Стојановски својот фокус најмногу го задржал на прекрасната староградска арихитектура  на старите градски куќи во Кратово, Берово, Велес и Крива Паланка, а овие куќи претставуваат одличен потенцијал за развој на туризмот, зашто спецификите што ја одбележуваат страоградската македонска архитектура даваат посебна автентичност и препознатливост во споредба со соседните земји, истакна на отворањето директорката на НУ Центар за култура во Крива Паланка.
На изложбата беа презентирани и две публикации, авторски труд на Гоце Стојановски со наслов „Каталог на староградски македонски куќи“ и „Ајде да ја зачуваме староградската македонска архитектура“. ид/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

50 санкции за недавање првенство на минување

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје