Утрински Весник
Македонија

Изложба на карикатури на Златко Крстевски во Прилеп

Изложба на карикатури на Златко Крстевски во Прилеп

Прилеп, 27 јуни 2019 (/) – Над 50 дела, уметнички карикатури содржи изложбата на уметникот и карикатурист Златко Крстевски отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Под наслов „Карикатурални соништа“ публиката ќе има можност до 5 јуни да ја проследи изложбта на делата на Крстевски, што е дел од програмата на Центарот за оваа година. Делата се работени во техника „кинески лавиран туш“ и ја отсликуваат глобалната ситуација како што се ужасите на војната, миграциите.

Крстевски е добитник на бројни награди за карикатура во Кореја, Кина, Турција, во Кипар, Нипон-Јапонија, а добитиник е и на специјална награда од Светсклата галерија на карикатури „Остен“.

Застапен е во антологиите: Светска карикатура „Азербејџан“, „The best Cartoon of Nippon“ од Музејот Омија Саитама од Јапонија, „Нанбанга“ во Токио, „Мајстори на карикатурата“  во музејот во Пловдив, Бугарија и во други антологии.

Негови дела – карикатури се дел од колекциите на: Музејот „Омија Саитама“ од Јапонија, на „Остен“, музејот Легница во Полска, на „Арт лајф фондацијата“-Вентура, САД.

Освен со карикатура, Крстевски се занима со сликарство, стрип и со „мејл-арт“. ем/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници