Утрински Весник
Македонија

Изложба на дела од членовите на ликовната секција во Ресен

Изложба на дела од членовите на ликовната секција во Ресен

Ресен, 23 јуни 2019 (/) – Дела од членовите на ликовната секција при Домот на културата „Драги Тозија“ викендов се претставени во ресенскиот Сарај.

Изложбата, како што информира директорот на институцијата Васко Василевски, се состои од дела  работени во изминатиот период, како и на манифестацијата Сквер арт.

– Пред само 10-тина дена, учениците од оваа ликовна секција твореа на веќе традиционалната ликовна манифестација – Сквер арт, кога на ресенскиот плоштад цртаа на платно и создаваа уметност на уличните плочи. Граѓаните и родителите имаат можност да ги погледнат делата на нашите мали уметници, создадени на Сквер артот и во текот на нивното работење, истакна Василевски.

Во текот на изминатите месеци, во рамките на активностите на Домот на културата, работеше и ликовната секција под раководство на уметникот Марија Груевска.

– Креативноста е секогаш индивидуална карактеристика. Но сепак, за да се твори, мора да се знае што да се прави, што да се користи и како на најдобар начин да се стигне до посакуваната цел. Во изминатиот период, учесниците во ликовната секција ги учеа основните техники на цртање, материјалите со кои се работи, начинот на кој треба да се почитува и вреднува ликовната уметност, а пред се учеа како да се почитуваат меѓу себе, како заеднички да си помагаат, да го развиваат талентот, својата љубопитност, да се дружат и да го надградуваат своето знаење, посочи Груевска.

Дел од учесниците во ликовната секција, кои ги претставија своите дела, повеќе го сакаат моливот и сенките, други пак боите и нијансите, но заедничко за сите нив е дека навлегуваат во тајните на ликовната уметност, ја развиваат љубопитноста и ги подобруваат своите уметнички перформанси.  сс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата