Утрински Весник
Македонија

Изложба на дела на уметникот и хуманист Мајкл Клос во рамки на научната визита на МАНУ во Охрид

Изложба на дела на уметникот и хуманист Мајкл Клос во рамки на научната визита на МАНУ во Охрид

Охрид, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид во рамки на манифестацијата „Научна и уметничка визита Охрид 2019“ организираат изложба на дела на Мајкл Клос, канадскиот уметник со македонско потекло.

Изложбата  ќе биде отворена задутре и ќе трае до 24  јули, а потоа ќе биде дел од проектот на општина Охрид за отворање постојана изложбена и продажна Галерија во градот. Со проектот е предвидено  градот да обезбеди просторни и други предуслови, додека големиот уметник и хуманист Мајкл Клос ќе ги дарува своите уметнички дела без надоместок, со единствено негово барање- средствата собрани од продажба на делата, да бидат наменети за стипендирање студенти.

Инаку, на изложбата ќе бидат презентирани бројни оригинални документи, дневникот што Клос го водел во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои лобирал за признавањето на Република Македонија под уставното име, како и колекција негови цртежи и слики на платно. аб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат