Утрински Весник
Македонија

Изложба за урбаниот биодиверзитет

Изложба за урбаниот биодиверзитет

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Изложба на хербариуми, фаунариуми и аквариум со примероци од повеќе градови од државата ќе биде поставена денеска во Градскиот парк, информираат од Институтот за комуникациски студии од Скопје.

На настанот, ќе бидат организирани и интерактивни работилници и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни, на кои ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат ученици од повеќе основни училишта.

Од Институот информираат дека целта на настанот е да се покаже како човекот влијае врз биодиверзитетот и да се евидентираат растителните и животинските видови кои се присутни во градската средина, кои видови имаат зголемена или намалена бројност, а кои видови исчезнале со текот на времето. Исто така, да се зајакне свеста за значењето на урбаното зеленило со цел да се спречи бетонската инвазија и намалувањето на зелените површини во градовите, особено во Скопје.

Изложбата ја организираат Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. мс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран