Утрински Весник
Македонија

Избрани младенците за 13. Пијанечко-малешевска свадба

Избрани младенците за 13. Пијанечко-малешевска свадба

Делчево, 26 јуни 2019 (/) – Наталија Богатинова од село Градец и Александар Петровски од Делчево се младенците кои ќе бидат главни носители на придружната манифестација Пијанечко-малешевска свадба, што во функција на туристичка понуда на регионот по 13-ти пат ќе се одржи во Делчево.
Како што истакна Зенил Реџепов-Стручни од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, кој е организатор на настанот, на јавниот конкурс беа пријавени три пријавени пара, а комисијата задолжена за избор на младоженците едногласно ги одбрала Богатинова и Петровски.
– Двата пријавени пара за време на интервјуто им дадоа предност на сегашниот пар и се запишаа во листата за чекање за догодина. Главната имплементација ќе се одржи на 7-ми септември на летната сцена во градскиот парк во Делчево. Пијанечко-малешевската свадба е придружна манифестација на „Делчево фест“, Меѓународен фолклорен фестивал кој по 43 пат ќе се одржи во нашата општина. На фестивалот учество ќе земат 15 културно-уметнички друштва од нашата држава и пет од странство, изјави Реџепов.
Своето учество на фестивалот како што додаде, досега го потврдиле учесници од Бугарија, Србија, Турција, Романија, Германија и други земји.
На 7-ми септември годинава „Делчево фест 2019“, како што најавува организаторот, ќе има сублимат од повеќе манифестации, а активностите што се реализираат во текот на целата година, се во знак на одбележување на 45 годишното постоење на КУД „Гоце Делчев“, играорна група која е една од најреномираните македонски претставници на фолклорните фестивали во земјава и странство.
Покровител на 13 издание на Пијанечко-малешевска свадба е градоначалникот на општина Делчево, а подржувачи се Министерството за култура, Агенција за развој и промоција на туризмот, соседните општини Берово и Пехчево и НВО – секторот од регионот Пијанец-Малеш. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8