Утрински Весник
Македонија

Иванките повторно атрактивни во Ресен

Иванките повторно атрактивни во Ресен

Ресен, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Обичајот „Иванка“ кој се празнува на Иванден е посебно препознатлив и најкарактеристичен за територијата на Преспа. Оваа уникатна преспанска традиција се почитува и годинава, на празникот Иванден, кога локалното население изработува кукли наречени Иванки.

Седма година  Домот на културата „Драги Тозија“ е организатор на манифестацијата која, како што вели директорот Васко Василевски,  нè навраќа на нашите корени и национални вредности.

– Облекувањето на куклата Иванка секогаш одговарало со начинот на облекување на локалното население. И годинава пред нашите сограѓан беа претставени изработените Иванки, како симбол на денешниот празник – Иванден. Голем број деца, потпомогнати од нивните мајки и баби се повеќе се вклучуваат во оваа традиција и постојано расте бројот на учесници. Затоа, ние не ги одделуваме сите учесници и во знак на благодарност изработувачите на Иванките се симболично наградени со 500 денари, посочи Василевски.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и се одржа напладне на платото пред Ресенскиот Сарај.

Денот на раѓањето на свети Јован Крстител, 7 јули, или во народот познат како Иванден, има особено значење во Преспанскиот Регион. Иако делови од ова празнување може да се сретнат и во други краишта, се чини дека во Ресен и Преспа го има најубавото одбележување. сс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец од Велес, одземеното вратено на сопственикот

Маричиќ: Нова поддршка од ЕУ за побрз и полесен процес на преговори

Трипуновски до Николовски: По петти пат бегаш од дебата, дај охрабри се да ги соочиме фактите