Утрински Весник
Спорт

Зе Роберто за Нејмар: Ја губи радоста од фудбалот, ако продолжи вака, нема да игра ниту до 30

Нејмар нема да мрда од ПСЖ, Барса може да заборави на него

Париз, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Трансферот на Нејмар во Барселона може да биде од големо значење за кариерата на Бразилецот, а причината е дека тој веќе не чувствува задоволство кога ќе излезе на теренот.

Ова е мислењето на неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата, Зе Роберто, кој даде интересен коментар на ситуацијата околу големата ѕвезда на „селесао“.

– Повредите не му помагаат, но тој не е фокусиран на 100 отсто на играта. Тој ја губи радоста од фудбалот и ако продолжи така, тој нема да игра ниту до 30 години. Парите и искушенијата секогаш постоеле во фудбалот, но Кристијано и Меси, гледате и сами, живеаат на поинаков начин, вели Зе Роберто.

Тој исто така рече дека наскоро Нејмар ќе го пропушти моментот, во кој ќе може да се докаже како лидер.

– Нејмар треба радикално да ги промени работите, тој мора да реализира голови, Дали ќе се врати во Барселона се уште не е јасно, но е многу блиску до тоа да го испушти идеалниот момент да направи чекор напред и да ја преземе улогата на лидер. Тој е голе талент, и треба да го искористи тоа, рече поранешниот репрезентативец.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната