Утрински Весник
Македонија

Зендели: Правна разврска за случајот „Рекет“

Зендели: Очекуваме од Пендаровски да го исполни она што го вети за време на изборите

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Пратеникот Фадил Зендели од Беса смета дека треба да има правна разврска на случајот „Рекет“ бидејќи, според него, тоа е еден од предусловите за евроинтеграциските процеси на земјата.

Во денешната изјава Зендели рече дека неговата партија го подджувала СЈО и оти и натаму го поддржува, но дека ситуацијата уште повеќе се комплицира по она што вчера се обелодени во јавноста.

-Сепак, треба да се изнајде начин како СЈО да продолжи да функционира, со нови обвинители кои се докажани дека се независни во својата работа, рече пратеникот. Но, според него, мисијата од основањето на СЈО треба да продолжи. ев/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“