Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Охрид, 14 јуни 2019 (/) – Умерен земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2:21 часот рано изутринава е почувствуван во охридското епицентрално подрачје.

Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на потресот е во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора.

Нема информации за предизвикани материјални штети освен вознемиреноста кај локалното население. аб/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мртво тело најдено покрај Лепенец во Орман

Две лица ограбени во Градскиот парк

Градежник почина во зграда во изградба во Илинден