Утрински Весник
Македонија

Здружението на новинари со прирачник за безбедност на новинарите на терен

Здружението на новинари со прирачник за безбедност на новинарите на терен

Тетово, 12 јуни 2019 (/) – Протоколи и прирачник во иднина ќе бидат основа за коректна комуникација помеѓу полицајците и новинарите со цел двете страни да ја изршуваат работата при одредени настани. Тие ќе бидат како резултат на шестте обуки и работилници за безбедноста на новинарите кои Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги одржа во повеќе градови, а завршната беше денеска во Тетово.

– На обуките на кои присуствуваат новинари и полицајци сакаме да укажеме колку новинарите треба да бидат безбедни и дека е важно да соработуваат новинарите и полицијата со цел да се превенира насилство во иднина. Тоа беше проблем со кој се соочувавме повеќе во минатото. Се уште има предизвици, но за да ги надминеме тие и за да имаме поголем слобода на изразување многу е важно новинарите да бидат безбедни на терен, а кога ќе има ризици полицијата да биде тука да помага, рече Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.

Потребата од прирачникот произлегува од недоразбирањата што во минатото постоеле на релација новинари-полицајци, пред се на настани кога се врши увид или истрага.

– Според тој прирачник новинарите, снимателите и други медиумски работници ќе знаат како да бидат безбедни на терен, а ќе биде наменет и за самите припадници на полицијата да знаат кога и како да се однесуваат кон новинарите со цел да ги заштитат. Ќе направиме и Протоколи внатре во МВР кога ќе има евентуален напад на новинар и полицијата ќе знае како да реагира и истото да се санира со цел да не се повтори, рече Секуловски.

На обуката се зборуваше за состојбата со безбедноста на новинарите, како и превентивните мерки за заштита на медиумските работници. ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер