Утрински Весник
Македонија

Здружението “Грифон” од Кичево со апел за помош на бездомните кучиња

Здружението “Грифон” од Кичево со апел за помош на бездомните кучиња

Кичево, 22 јуни 2019 (/) – Здружението за животни „Грифон“ од Кичево, што од минатата година почна со реализација на проект за изградба на стационар за бездомни кучиња, апелира до љубителите на животните за помош  со цел решавање на пробелмот со уличните кучиња.
-Заедно да се бориме во решавање на овај проблем, да ги згрижиме уличните кучиња, да им овозможиме хуман третман, подобар живот, а воедно и да го направиме нашиот град побезбедно место за живеење и пример за тоа како едно малечко гратче како нашето успеало да реши два проблема со еден потег, се вели во апелот на “Грифон”
Од „Грифон“ додаваат дека  кучињата не по своја вина се наоѓаат на улица, се гладни, болни и агресивни. -И тие, наведуаат во апелот, заслужуваат да имаат редовен оброк, да бидат здрави и да си добијат свој дом, исто како што и ние заслужуваме да живееме во чист и безбеден град, без страв дека би биле нападнати од куче кое е агресивно затоа што е гладно и болно.
Во апелот се истакнува дека кучињата зависат од нас, од нашата волја да им помогнеме. – Да одвоиме барем еден ден во неделата, нив ќе им значи многу а нас ќе ни смени многу, порачуваат од „Грифон“.
Акцијата се одвива во близина на селото Бигор Доленци, каде што секојдневно се надградува стационарот и со помош и на општина Кичево, а каде веќе има згрижено неколку бездомни животни.рз/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран