Утрински Весник
Македонија

Зголемен прилив на печурки во Пијанец

Зголемен прилив на печурки во Пијанец

Делчево, 23 јуни 2019 (/) – Временските услови проследени со дожд и Сонце во голема мерка влијаеја на зголемен прилив на печурки во Пијанечкиот регион. Како што соопштуваат откупувачите, само во последната недела регистриран е рекорден откуп од 500 килограми дневно.

Според Александар Синадиновски, сопственик на откупен центар од Делчево, печурките најмногу ги има на повисоките места во Пијанец, каде може да се сретнат печурки тешки и по еден килограм.
– Оваа појава е резултат на дождовите што ги имаше во изобилство во изминативе неколку дена. Комбинацијата од дожд и Сонце е идеална за новиот наплив на печурки, и очекуваме да ги има и оваа недела, но внатре во шумата. Задоволни сме од откупените количини кои дневно достигнуваат од 300 до 500 килограми свежа печурка, вели Синадиновски.
Зголемена појава на печурки е регистрирана и во Малешевскиот регион, каде поради самата вегетација, печурките се појавуваат малку подоцна за разлика од Пијанец.
Само во беровскиот регион, од почетокот на јуни досега, како што јавуваат откупувачите, откупените количини на свежа печурка ја надминуваат бројката од над еден тон.
Пласманот за сега оди без проблеми, а печурката од Пијанец и Малеш, најчесто завршува на европскот пазар. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром