Утрински Весник
Македонија

Зголемена потрошувачката на вода во Штип

Зголемена потрошувачката на вода во Штип

Штип, 14 јуни 2019 (/) – Во Штип е зголемена потрошувачката на вода за пиење. Јасминка Петешева од штипското комунално претпријатие „Исар“ вели дека со зголемувањето на температурите деновиве бележат и максимална потрошувачка на водата низ водоводниот систем во градот Штип.

-Со зголемување на температурите ЈП „Исар“ имаше максимална потрошувачка на вода регистрирана на излез од филтер станица од 290 литри во секунда. Оваа количина е количина што јавното претпријатие може да ја обезбеди, но сепак имајќи предвид дека летните температури се на почетокот апелираме до граѓаните за рационално користење на водата и исто така сакам да упатам апел до граѓаните секое истекување на вода да се пријави на нашиот дежурен телефон, вели Петешева.

Таа додава дека проблеми со водата за пиење во текот на летните месеци не очекуваат, но апелираат да се користи рационално, а не за полевање на градини или дворови.вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“