Утрински Весник
Македонија

За утре најавено прскање против комарци во Делчево

За утре најавено прскање против комарци во Делчево

Делчево, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – За утре, во Делчево е закажана теристичка дезинсекција против комарци. Оваа мерка, како што информираа од општината, ќе се реализира согласно предвидената годишна програма за заштита на населението од заразни и други заболувања.
– Со оваа мерка ќе бидат опфатени неколку подрачја, меѓу кои, реката Брегалница и нејзините притоки, езерскиот комплекс кај Мотел „Кула“, подрачјето околу реките Габровчица и Звегорска река, како и Чаршиски, Пустевски и Манастирски ендек заедно со месноста Грозданец и село Вирче. Активноста ќе ја спроведуваат стручни екипи од Службата за дезинсекција „Лиса – Ком МС“, во соработка со вработени во Одделението за инспекциски надзор, информираа од општината.
Поради прскањето против комарци, како што додадоа, сопствениците на пчелни семејства се должни да преземаат соодветни мерки за заштита на пчелите од евентуалните последици од дезинсекцијата.
Од општината информираат дека доколку нема услови, прскањето ќе биде спроведено во првата поволна прилика, за што граѓаните дополнително ќе бидат известени. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран