Утрински Весник
Македонија

За Задушница изменет сообраќаен режим во реоните околу гробиштата

За Задушница изменет сообраќаен режим во реоните околу гробиштата

Скопје, 13 јуни 2019 (/) – По повод верскиот празник „Задушница“ утре и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот во реоните на гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” по локалниот пат за селото Мирковци до влезот за гробиштата на улицата„Боца Иванова” и потоа ќе се излегува повторно на улицата„Александар Урдаревски”.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија