Утрински Весник
Македонија

За време на викендот северен ветер, од понеделник доста топло

Сончево и топло со мала до умерена облачност, УВ индексот 9

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Веќе од утре и за време на викендот се најавува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо намалување на температурите, а од понеделник следува период на стабилно и доста топло време. Во петок понекаде можна е појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална