Утрински Весник
Македонија

За викенд студено со сончеви периоди и врнежи од снег

За викенд студено со сончеви периоди и врнежи од снег

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.

Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром