Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по 18 часот

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по 18 часот

Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект во Куманово поради непочитување на мерките за спречување на коронавирусот.

Според информациите од МВР, вчера во 19:05 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица 11 Ноември во Куманово. При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во него биле затекнати девет лица, гости и сопственикот Ф.Р.(30) од Куманово.

Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред Министерството за внатрешни работи

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Од вторник (17 јуни) во Македонија појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!