Утрински Весник
Македонија

Затворени локали во Дебар, Кичево и Охрид кои работеле по 18 часот

Се укина забраната во кафулиња и ресторани на една маса да седат само двајца

Од МВР информираат дека вчера (9 јануари) биле извршени повеќе контроли во угостителски објекти со цел да се утврди дали се почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, односно забраната за работа по 18 часот.

При контрола на угостителски објект во Дебар, во 19 часот и 20 минути, во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се уапсени, а малолетниците во присуство на родител се повикани во станица за понатамошно постапување.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во соработка со МВР, извршиле контроли и во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во градот не ги почитувал протоколите и е затоврен од страна на ДПИ.

Во контрола спроведена околу 21 часот во угостителски објект во населбата Свети Стефан во Охрид било констатирано дека објектот работел после 18.00 часот и во истиот биле затекнати пет лица, при што околу 22.00 часот, пред локалот бил приведен Д.Д. (38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.

Преземени се соодветни мерки за затворање на објектот, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром