• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
понеделник, декември 16, 2019
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
Не се пронајдени резултати
View All Result

Засадени 1.500 врби и тополи за ревитализација на речната вегетација на Брегалница

од МИА
04-Дек-2019 15:30
во Македонија
Засадени 1.500 врби и тополи за ревитализација на речната вегетација на Брегалница
0
Споделувања
Share on FacebookShare on Twitter

Штип, 4 декември 2019 (МИА) – Во рамки на акцијата за пошумување под мотото „Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж реката Брегалница – 2019“ во организација на Македонско еколошко друштво и како дел од Програмата за зачувување на природата денеска близу штипското село Софилари беа зададени 1.500 нови садници со топола и врба.

Акцијата е дел од повеќегодишна проектна активност за ревитализирање на речниот вегетациски појас на река Брегалница и со цел превенција од поплави и ерозија. Пошумувањето се организираше во соработка со Општината Штип, Министерството за животна средина и просторно планирање и ЈП „Национални шуми“, додека садеа голем број на ученици, студенти и извидници од Скопје и Штип.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули истакна дека овие 1.500 садници ќе бидат засадени покрај реката за да може да се обезбеди екосистемската услуга а тоа се крајречните шуми.

– Овој екосистем обезбедува заштита на речниот брег од ерозија, заштита од поплави, прочистување на водата и зачувување на пределот. За да се осигура овој екосистем да биде во добра состојба, почнуваме со ревитализација и тоа е дел од националната Стратегија за биолошка разновидност и Стратегијата за заштита на природата кои беа усвоени од оваа влада на Република Северна Македонија, изјави Макадули.

Според градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, особено е важно што повеќе институции и образовни установи се вклучија во оваа масовна акција за ревитализација на речната вегетација на река Брегалница.

– Не само декларативно, туку реално и суштински треба да се зафатиме со заштита на животната средина и затоа можам да упатам еден повик до граѓаните дека секој може да даде свој придонес и заради тоа и ги повикувам секој во својот домен и можности да дава придонес и да направи нешто за нашата животна средина, изјави Бочварски.

Пошумувањето е дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.фф/дма/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: