Тетово, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Седмото издание на манифестацијата „Лето на тетовската култура“ започнува од денеска и ќе трае до 2-ри август во организација на општина Тетово.
Првиот настан вечерва од 18 часот е одбележувањето на денот на независноста на Соединетите Американски Држави пред платото на американското катче во Тетово.
Во текот на манифестацијата на отворено на градскиот плоштад ќе се организираат кик бокс и професионален бокс меч, а ќе се следат натпреварите на ФК Шкендија во евро-куповите.
Од настаните од културата предвидена е промоција на книгата „Етномузикологија“ од Фриц Босе преведена на албански јазик, филмски проекции на отворено, музички концерти, денови на францускиот филм, како и музичко сценски настан „Скатова“ во скејт паркот, настапи на уметници и музичари на „Улицата со чадори“ и слични активности.
На последниот ден на 2-ри август каде на плоштадот ќе се одржи концертот песни за деца „Едуцираме со уметност” од Тирана од 19 часот, а од 21:00 со вечер на народна музика-ритуалот на албанската свадба. ас/цр/