Утрински Весник
Македонија

Започнува имплементација на проектот „Свеста за своето Валандово“

Започнува имплементација на проектот „Свеста за своето Валандово“

Гевгелија,11 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Валандово и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ од Скопје денеска најавија дека заедно ќе го реализираат проектот „Свеста за своето Валандово“.

– Целта на проектот е преку едукативни работилници, семинари и посети на локациите од историска важност за нашата општина, младите од општината да ја развијат свеста и љубовта кон сопствената култура, наледство, традиција и богатство, велат од општината.

Учесниците во проектот ќе изготват промотивен материјал со цел поефективно претставување на валандовската вредност и посебност пред останатите и ќе дадат придонес во дополнителна едукација за сопственото културно наследство кај најмладите од општина Валандово.

Проектот е подржан од Министерството за култура како дел од поддршката на проекти од национален културен интерес. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран