Утрински Весник
Спорт

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска заедно со општина Чаир официјално ги започна градежните активности за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир со капацитет од 1.792 места на која е предвиден покриен дел во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби.

Претседателот на федерацијата, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, бројни високи политички претставници, меѓу нив и амбасадорите на Косово и Албанија, како и поранешни фудбалски легенди на Слога Југомагнат и Шкупи го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми.

– Вложувањето во инфраструктурата е предуслов за успешен развој на нашиот фудбал. На добар пат сме и се надевам дека секој ќе си го одработи својот дел од работата на најдобар начин и наскоро ќе добиеме прекрасен стадион. Одиме чекор по чекор, но сите чинители заедно, ФФМ, УЕФА преку програмата за развој и општина Чаир, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата