Утрински Весник
Македонија

Започна изградбата на локалниот пат населба Чашка-село Голозинци

Започна изградбата на локалниот пат населба Чашка-село Голозинци

Велес, 26 јуни 2019 (/) – Општина Чашка со средства обезбедени од Јавното претпријате за државни патишта во висина од 50 милиони денари денеска започна со изградба на локалниот пат населба Чашка-село Голозинци во должина од 6,5 километри, со дебелина на асфалтот од десет сантиметри. Почнувајќи од денеска па во наредните два месеци, додека заврши неговата изградба, патот ќе биде затворен за секаков вид сообраќај секој ден од 10 до 16 часот, освен во недела.

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски издаде соопштение до жителите на неколкуте населени места во Општината, кои поминуваат по овој локален пат, односно од селата Горно и Долно Јаболчиште, Дреново, Горно Врановци, Лисиче, Голозинци и Мелница, со што ги известува за започнување на градежните активности. Во соопштението тој им се заблагодарува на разбирањето и ја очекува нивната соработка за побрза изградба на овој важен патен правец во Општина Чашка

– Со овој локален пат ќе се подобри комуникацијата на жителите од десетина села, кои секојдневно поминуваат преку овој пат, потенцира Стојановски. ад/мс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија