Утрински Весник
Македонија

Запалени градските депонии на Кочани и Виница

Запалени градските депонии на Кочани и Виница

Кочани, 1 јули 2019 (/) – Облаци од густ и смрдлив чад се издигаат од градската депонија на Виница кај селото Лески, како и од депонијата на Кочани, во непосредна близина на патот кон Пониква. Чадот се шири по целиот планински предел, но достигна и во низинскиот дел, прекривајќи ги блиските населени места.

При посетата на двете локации се забележува дека двете депонии горат по целата површина, а на повеќе места се забележуваат и високи пламени јазици што излегуваат од отпадот. Претпладнето интервенираа екипи на комуналните претпријатија „Водовод“ и „Солидарност“ кои со градежна механизација истураа земја на местата каде што е најкритично, со намера да се оневозможи пристап на кислород и горење на пластиката и хартијата.

-Претпоставка е дека дошло до самозапалување поради присуството на органски отпад, иако многу поголема е веројатноста дека причина за запалувањето е човечкиот фактор. Ова не е прв пат депонијата да гори и од неа да се шири густ чад, а регистрирано е дека огнот избувна во неделата доцна навечер, поради што сметаме дека се работи за подметнат пожар од лица кои неовластено влегуваат на депонијата. Веднаш испративме екипа за да го спречи ширењето на огнот, а интервенираа и пожарникарите, истакна Игор Христов, директор на ЈКП „Солидарност“ од Виница.

Од кочанското комунално претпријатие „Водовод“, исто така потврдија дека нивни екипи интервенирале во локализирањето на пожарот, а има и постојан надзор на локацијата за да се спречи ширењето на огнот, со оглед што во близина има и неколку викенд куќи и лозја.

Двете депонии со својата местоположба и присуството на запаливи материи се потенцијална опасност за поголеми пожари во околината, особено во текот на летниот период, а уште повеќе за загадувањето на животната средина. та/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин