Утрински Весник
Македонија

Заедничка меѓувладина седница со Република Косово во Скопје

Заедничка меѓувладина седница со Република Косово во Скопје

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 139 седница ја освои одлуката за одржување заедничка меѓувладината седница со Владата на Република Косово.

Седница ќе се одржи во Скопје, а како што информираат од владината прес-служба,  датумот треба да го одредат премиерите на двете земји Зоран Заев и Рамуш Харадинај, во согласност со нивните агенди.

Според информацијата што на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска ја усвои Владата направени се неопходните подготовки за одржување на заедничка седница.

Во рамки на подготовките за седницата, како што информираат од владината прес-служба, се одвиваат разговори за дефинирање соработки меѓу двете земји, во неколку области и тоа: транспорт и инфраструктура, трговија и економски развој, соработка со дијаспората, внатрешни работи, правда, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, култура и образование. аа/мд/

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром